ЗДРАВСТВЕНИ ПУНКТОВИ

Здравствен пункт с.Самоков

За населението од долниот дел на Поречието, во 1958 година била изградена Здравствена станица во село Самоков,со вкупна површина од 300 метри квадратни корисна површина. Заради зголемените потреби од укажување здравствена заштита на населието од овој крај, во 1964 година била изградена нова зграда со вкупна површина од 800 квадратни метри со стационарно лекување со капацитет од 20 кревети каде што се лекувале луѓе од ова подрачје.
Истата е комплетно реновирана во 2000 година и денес работи како Здравствен пункт во чии што склоп се наоѓаат амбулантите по
  • Општа медицина
  • Стоматолошка амбуланта
  • Поливалентна патронажа
  • Советувалиште, систематски прегледи и имунизација на деца до 14 години

Здравствен пункт с.Преглово

Во 1984 година е изградена Здравствената станица во село Преглово со вкупна површина од 200 метри квадратни.
Во склоп на Здравствениот пункт се наоѓаат амбулантите по:
  • Општа медицина
  • Стоматолошка амбуланта
  • Поливалентна патронажа
  • Советувалиште, систематски прегледи и имунизација на деца до 14 години
  • Биохемиска лабораторија