Организациска поставеност на ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод
ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ, ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ ЈА СПРОВЕДУВА ВО ДВЕ СЛУЖБИ:
•  Служба за примарна и превентивна здравствена заштита
    
    
        Итна медицинска помош со дежурна служба и домашно лекување
    
    
        - 
            Пружање на дијагностичко-терапевтски постапки кои се неопходни за отсранување на непосредна опасност за животот и здравјето на осигурените лица
        
- 
            Спроведува домашно лекување во случај кога не е неопходно болничко лекување на неподвижни или слабо подвижни болни, хронична болест во фаза на влошување или компликации, по сложени оперативни зафати кои бараат превивање и нега на раната и кај болни во термална фаза на болеста,
        
- 
            Превоз со санитетско возило во случај кога не се работи за итен случај кога болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена подвижност не може да користи превоз со јавен сообраќај
        
- 
            Присуство со возило и медицински тим на јавни манифестации
        
Имунизација, систематски прегледи и советувалиште
    
        - 
            Задолжителна имунизација на децата од предучилишна и училишна возраст согласно Програмата на Владата и Календарот за задолжителна имунизација
        
- 
            Систематски прегледи на децата од предучилишна и училишна возраст согласно програмата на Владата преку што се следи растот и развојот на децата, рано откривање на вродени аномалии и недостатоци, откривање на ризик фактори за одредени заболувања, превенција од одредени заболувања. Откривање на штетни навики и следење на здравствената состојба на децата родени со ризик.
        
Превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
    
        - 
            вршење систематски преглед на деца од предучилишна возраст од страна на превентивните тимови
        
- 
            едукација на родителите на децата преку предавања и работа во групи
        
- 
            рана детекција на здравствени проблеми и навремен третман
        
- 
            задолжителна имунизација согласно календарот и Програмата за имунизација
        
- 
            Преземање на мерки и активности за што поголем опфат кај тешко достапните популации во руралните средини, лица кои често го менуваат местото на живеење и порестојување(мобилни групи) преку активности за изнаоѓање на неевидентирани, невакцинирани или некомплетно вакцинирани лица и нивна вакцинација
        
- 
            Водење евиденција на вакцинирани и ревакцинирани деца
        
- 
            контрола за извршени вакцинации и ревакцинации и преземање мерки за комплетирање на вакциналниот статус и
        
- 
            врши други работи согласно Законот за здравствена заштита и Програмите на Владата на РМ за систематски прегледи и задолжителна имунизација.
        
Превентивна здравствена заштита на училишни деца
    
        - 
            вршење на систематски преглед на ученици од страна на превентивните тимови,
        
- 
            едукација на учениците, наставниот кадар, родители/старатели преку предавања и работа во мали и поголеми групи
        
- 
            следење на физичкиот и психофизичкиот развој
        
- 
            рана детекција на здравствените проблеми и навремен третман
        
- 
            рано препознавање на ризични видови на однесувања
        
- 
            едукација за усвојување на здрави животни стилови
        
- 
            земање податоци за употреба и злоупотреба на супстанци (пушење, алкохол, таблети, дрога)
        
- 
            земање податоци во врска со пубертетот кај двата пола
        
- 
            земање податоци за рано откривање на знаци на депресија и други пореметувања на менталното здравје
        
- 
            земање податоци за постоење на насилно однесување (булинг)
        
- 
            задолжителна имунизација на школски деца согласно календарот и Програмата за имунизација
        
- 
            преземање мерки и активности за што поголем опфат кај тешко достапните популации во рурални средини, лица кои често го менуваат своето место на живеење и престојување, преку активности за изнаоѓање на неевидентирани, невакцинирани или некомплетно евидентирани лица и нивна вакцинација
        
- 
            водење на евиденција за извршени сиситемастки прегледи на училишни деца
        
- 
            водење евиденција за вакцинирани и ревакцинирани деца и преземање на мерки за комплетирање на нивниот вакцинален статус и
        
- 
            врши други работни задачи во согласност со Законот за здравствена заштита и Програмите на Владата за систематски прегледи и задолжителна имунизација.
        
Поливалентна патронажа
    
        - 
            Поливалентна патронажна служба при ЈЗУ Здравствен дом од Македонски Брод е служба која пружа превентивна-куративна и здравствено воспитна дејност на населението и го опфаќа целото семејство преку посета на патронажна сестра во домот и соработка со здравствените и други установи на своето подрачје.Во патронажната служба работата е обавуваат три патронажни сестри кои пружаат патронажни посети на семејствата од општина Македонски Брод и општина с.Пласница.
        
Задачи на Поливалентната патронажа
        - 
            Патронажна посета на новородено
        
- 
            Патонажна посетра на родилка и леунка
        
- 
            Патронажна посета на доенче
        
- 
            Патронажна посета на бремена жена
        
- 
            Патронажна посета на жена во репродуктивен период
        
- 
            Патронажна посета на деца од 2 и 4 години и училични деца
        
- 
            Патронажна посета на стари лица
        
- 
            Патронажна посета на хронично болни и останати корисници
        
- 
            Соработка со здравствени и други установи од подрачјето на општина Македонски Брод
        
- 
            Врши други работи и задачи во согласност со законот за здравствена заштита и Програми на Владата.
        
        Превентивна стоматолошка заштита на деца до 14 години
    
    
        - 
            Дијагностика на ризикот од појава на кариес и парадонтопатија
        
- 
            Рано откривање на болестите на устата и забите
        
- 
            Откривање на деформитети и неправилности во развојот на забите и вилиците кај децата до 14 години
        
- 
            Контрола и евиденција на состојбата на забалото (млечни, трајни заби, кариес, екстракција и пломба индекс)
        
- 
            Задолжителен преглед на сите ученици во основното и средно образование
        
- 
            Редовно следење на здравствената состојба на устата и забите преку спроведување на систематски прегледи согласно Националната стратегија за превенција на оралните заболувања и Програмата на Владата
        
- 
            Евиденција на констатираната состојба во здравствен картон и евидентна книга
        
- 
            Едукација на учениците за усвојување на здрави животни стилови, рана детекција на здравствените проблеми и упатување на навремен третман и
        
- 
            Врши други работи и задачи во согласност со законот и друиги подзаконски акти.
        
 
•  Служба за специјалистичко – консултативна здравствена заштита
    Здравствениот дом спроведува специјалистичко – консултативна здравствена заштита од областа на:
    
        - 
            Интернистички болести
        
- 
            Офталмологија
        
- Невропсихијатрија
- 
            Биохемиско лабораториска дејност
        
- 
            Рендгендијагностика
        
- Ортопедија
 
СЕКТОР ЗА ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ И ФИНАНСИСКО-СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
•  Одделение за правни и општи работи
    Одделението за правни и општи работи ги врши работите и задачите што се однесуваат на:
    
        - Следење на организациската поставеност на Здравствениот дом;
- Подготвува правилници и други акти;
- Спроведување на функционална анализа на работните места и потребите на Здравствениот дом;
- Подготвување на сите нормативни акти на Установата, нивните измени и дополнувања;
- Обезбедува правилна примена на зааконите и подзаконските акти од сите области, посебно од областа на здравствената заштита и работните односи, како и други акти кои се однесуваат на правата на работниците од работен однос;
- Го спроведува процесот на управување со човечки ресурси;
 
•  Одделение за финансиско сметководствени работи
    Одделението за финансиско сметководствени работи ги врши работите кои се однесуваат на:
    
        - Вршење на работи и задачи од областа на сметководственото, финансиското и материјалното работење
- Контрола на фактури кои произлегуваат од работата на Здравствениот Дом
- Следење на состојбата на движењето на средствата и изворите на средства
- Следење на остварувањата на приходи и извршувањето на трошоците
- Составување, примање, ликвидирање и контрола на сметководствените исправи,
- Водење евиденција, пресметување и исплата на платите на вработените
- Изготвување на периодични и завршни сметки
- Пресметување на амортизација и ревалоризација
- Усогласување на средствата и изворите на средства, на книговодствената со вистинската состојба
- Изготвување информации и извештаи за движење на средствата за работа
- Осигурување на материјалните средства со кои располага Здравствениот Дом
- Врши други работи од областа на сметководственото, финансиското и материјалното работење согласно законските прописи.
- Ажурира водење на сметководствени, матријално-финансиски и други работи