Известувања
Македонски Брод го одбележа Денот на ослободувањето - 7 Септември
Општина Македонски Брод по повод 7ми Септември - денот на ослободувањето на Македонски Брод додели плакета на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод за посебен придонес во областа на здравството.
Од петок вакцинација на постари лица во Македонски Брод
Во Здравствениот дом во Македонски Брод од петок ќе почне вакцинација на постарите лица против КОВИД-19. Во оваа здравствена установа добиени се 100 вакцини АстраЗенека, кои во наредните пет дена ќе ги примат најстарите жители од оваа општина.
Честит 7 ми Септември денот на ослободувањето на Македонски Брод, во чест на успешна соработка и понатамошни успеси вo нашата општина
Посета на Амбасадорката на Јапонија во ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод по повод успешно завршен проект
По повод успешно реализираниот проект за подобрување на здравствените услови во Здравствен дом Македонски Брод амбасадорката на Јапонија го посети Здравствениот дом и заедно со Директорот на установата разговараа за огромните бенефити од оваа донација. Амбасадорката Кеико Хенеда и Директорот Д-р Жарко Симески во кругот на болницата засадија Јапонска цреша во знак на пријателство меѓу Јапонскиот народ и Република Северна Македонија. Тие го изјавија следното: Кеико Хенеда: Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам во Македонски Брод. Импресионирана сум од природните убавини на овој регион. Нашата поддршка е сконцентрирана на тоа да граѓаните го подобрат квалитетот на нивниот живот. Ние јапонскиот народ сме многу среќни како пријатели на македонскиот народ за сите граѓани на Македонски Брод што ќе имаат бенефит од овој проект. Жарко Симески: Огромна Благодарност до Јапонската влада и јапонскиот народ за нивната соработка и целосна подршка за реализирање на проектот за подобрување на медицинските услови во Здравствениот дом во Македонски Брод. Благодарение на вашата донација оваа установа е целосно реконструирана и доби еден нов изглед и подобри услови за работа како за персоналот така и грижа на пациентите во услови кои тие ги заслужуваат. Се надеваме на понатамошна успешна соработка.
Државниот секретар во Министерството за здравство во работна посета на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод
Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска ги посети Здравствениот дом во Македонски Брод и Здравствениот пункт во селото Преглово — Општина Пласница, каде оствари средба со директорот и стручниот колегиум. Целта на посетата е да се разгледаат актуелните состојби и потреби на здравствениот дом и здравствените пунктови во насока на унапредување на условите за персоналот и пациентите.